Висок курдски претставник критикува објава на Белата куќа

 Високиот курдски официјален претставник Абдулкарим Омар ја критикуваше денеска објавата на Белата куќа дека одговорноста за илјадниците странски борци на Исламска држава, кои се притворени во северниот дел на Сирија, ќе и ја предаде на Турција.
Омар, кој ја врши функцијата министер за надворешни работи на сириските Курди, таквата одлука ја оценил како „нелогична”, во момент кога американската војска се повлекува од границата со Турција.
Тој смета дека тоа е „нејсно и нелогично” бидејќи подрачјата кадешто се наоѓаат притворениците се далеку од пограничната област каде се очекува Турција да изврши упад.
Според него, повлекувањето на американските трупи од границата ќе има „катастрофални последници”, бидејќи курдските сили ќе бидат зафатени со одбрана на границата, наместо заштита на притворските објекти или логорот Ал Хол, во кој се наоѓаат над 73.000 луѓе. Повеќето од нив се членови на семејствата и приврзаници на ИД.
Омар побара од меѓународната заедница да се обиде да ја промени одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп или да ја спречат турската офанзива.
Треба да знаете
Последни објави