Над 320 натпреварувачи од 35 клубови од седум земји учествуваа на 11. Меѓународен турнир во џудо за помлади пионери, пионери и за кадети кој се одржа во спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески Ричко”. Турнирот насловен „Прилеп град херој” , во организација на џудо-клубот „Сеишин” е традиционален и се одржува по повод Денот на народното востание – 11 Октомври.
Учесниците на овој спортски настан беа од 35 клубови од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија. Присуствуваа и неколку познати светски имиња од џудо спортот: Славко Обадов, Павле Буљчиќ и Чихи Јанош.
Според професор д-р Славко Обадов, мајстор на џудо „9 дан”, освојувач на бројни медали од олимписки, светски, европски, балкански и држави првенства задоволство е да се видат стекнатите знаења во џудо спортот, посебно кај пионерите.