Експретседателот на САД, Џими Картер падна дома и заврши со неколку конци

Поранешниот американски претседател Џими Картер (95) паднал во својот дом во државата Џорџија, но како што изјави неговата портпаролка, се чувствува добро. Картер, како што е наведено, присуствувал на хуманитарена настан во Нешвил. Портпаролката рекла дека му биле ставени неколку конци над веѓите.

„Тој се чувствува добро и сака да ве известам дека тој и неговата сопруга ќе присуствуваат на претставувањето на проектот „Живеалишта за луѓе во Нешвил“ рекла портпаролката на експретседателот. Картер беше претседател на САД од 1976 до 1980 година, а трката за втор мандат ја загуби од Роналд Реган. Од кога ја напушти функцијата, Картер се занимава со хуманитарна работа, за што е и наградуван

Треба да знаете
Последни објави