Денеска од 09:00 часот заради градежни активности патот кој води кон населеното место Теферич ќе биде целосно затворен за сообраќај. На улицата во должина од 200 метри ќе се санираат оштетените делови. Поради ова, во период од еден месец сообраќајот ќе се одвива по ул. „Христо Татарчев”.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение и разбирање додека траат градежните работи.