Научен тим од Универзитетот Лас Америка во Еквадор, тврди дека намалувањето на користењето на Фејсбук ги прави луѓето помалку тажни, но и „поситуирани”.
Во експериментот под водство на економистот Роберто Москара, учествувале 1.765 корисници на социјалната мрежа, студенти на Универзитетот на Тексас. Тие беа поделени во две групи. Првата имала задача да продолжи да го користи Фејсбук цела недела, а втората – да запре.
Истражувачите откриле дека оние кои успеале „да се откажат” од Фејсбук, си ја подобриле продуктивноста и работните вештини и не се чувствувале веќе така депримирани, во однос на втората група. Првите, исто така, прават помалку погрешни потези, јадат помалку и читаат помалку вести.
Доброволците пред експериментот и потоа биле прашани – колку пари сакаат да добијат како надомест за „принудното исклучување” од Фејсбук? Во просек, првичната барана сума била 67 долари, но по една недела таа се зголемила за скоро 20 отсто. Зголемувањето се должи на зависноста на луѓето од Фејсбук, истакнуваат стручните лица.