Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска му го даде мандатот за формирање нова влада на Себасјтијан Курц, лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), која победи на предвремените избори.
– Во разговорите, добив впечаток дека ОВП може да формира влада која ќе има мнозинска поддршка во собранието и затоа ви давам мандат да формирате влада, рече Ван дер Белен.
По медиумските иозвештаи дека тој наводно има аспирации за нова влада, тој вели дека единствена негова желба е владата да биде „црвено-бело-црвена”, односно Австрија да биде силна во засилена Европа, Европа која би била поефикасна во глобалната политика.
– Не ми е важно кој со кого во владата туку како влада за благосостојбата на земјата, рече Ван дер Белен.
Тој изрази уверување дека соочувањето со заканата од климатска катастрофа ќе биде високо на агендата на новата влада, потсетувајќи дека сите партии посветувале посебно внимание на темата за време на изборната кампања.