Мрме ги преброја избраниците и не се откажува од триумф со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација од денеска напладне почна да се екипира за новиот квалификациски двомеч од групата Г за ЕП-2020, со Словенија во Скопје на 10 октомври и три дена потоа со Полска во Варшава. Денеска точно напладен селекторот Игор Ангеловски – Мрме почна да ги пребројува совите избраници каде во пресрет на собирот направи принудна рокада. Го ослободи од обврските повредениот Енис Барди, а ги повика дебитантите од домашната сцена младиот Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев.

-Барди не е со нас. Загубивме значаен играч. Нема да игра и Бејтуали против Словенија поради картони и затоа на нивно место се Стоилов и Младеновски. Се надевам дека повредите ќе не одминат. Никогаш не се жалиме и не плачеме. Продолжуваме со тие што сме на собир и ќе дадеме се од себе да ја оставриме целта, а тоа победа против Словенија. Задоволен сум од фудбалерите, не донесоа до ситуација да се бориме за позиција која води на завршницата од ЕП – вели Ангеловски.

За вечерва во 19 часот на арената „Тодор Проески“ е закажан и првиот тренинг. Во репрезентативната експедиција се враќа и Стефан Ристовски од португалскиот Спортинг кој беше надовр од теренот поради повреда.

-Ни претстојат два значајни натпревари. Позитивно е тоа што сме во игра за второто место во групата, но мораме да одиме чекор по чекор. Најпрво ќе се посветиме на дуелот со Словенија. Неможам да кажам, колку сум подготвен. Помина долго време откако играв против Австрија. Имам само една недела тренинг и ветувам дека ќе дадма се од себе да помогнам колку можам во моментов. Кога ремизиравме на гости (1:1) бевме во форма. Во фудбалот работите брзо се менуваат. Најавите и изјавите не помагаат треба на терен да се докажува секогаш – порачува повратникот Стефан Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави