Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство.
Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.
Во предметот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Спроед обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.