Оваа секси баба има тело како 20-годишна атлетичарка: Можете ли да погодите колку години има?

Не постојат многу баби кои би можеле да се пофалат со изглед и фигура каква што има Алехандра Лабастида Шапиро. Речиси никој никогаш не ги погодил нејзините години, а најчесто мислат дека е врсничка со својата 32-годишна ќерка.
И тоа не е сè – оваа мајка на три деца и баба на четири внучиња без конкуренција ја носи титулата “најсекси баба на социјалните мрежи”.
55-годишната Алехандра живее во Чикаго и од 2000 година работи како инструкторка по пилатес. Фигурата за која можат да сонуваат многу 20-годишни девојки ја должи на здравата исхрана, изобилството од свежи и сирови намирници, но и редовната физичка активност.
На атлетика е “навлечена” уште од детството, а нејзиниот татко бил тој кој ѝ ја отворил вратата кон фитнесот.
“Мојот татко ме воведе во светот на фитнесот уште додека бев девојче. Во нашиот дом никогаш не користевме лекови, така што уште од мали нозе бев свесна за важноста на здравите навики и животот во склад со природата”.
На социјалните мрежи, таа често објавува фотографии од теретана, а комплиментите само се нижат.
“Искуството ми покажа дека изреката “годините се само број” е точна доколку стареете на правилен начин и размислувате позитивно”, вели оваа задоволна 55-годишна жена.

Треба да знаете
Последни објави