Синдикатот за култура утре ќе одржи протестен марш во Скопје

Синдикатот на културата утре, 8 октомври, ќе одржи протестен марш со цел да го изрази, како што велат од таму, незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.

„Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права“, велат од Синдикатот.

Маршот ќе започне во 12 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата, каде хорот на Националата опера и балет ќе изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко и ќе заврши пред Министерството за култура каде по краток говор на секретарот Гоце Павловски, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 1 јануари 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави