Лучано Спалети, со кого Милан е во завршни преговори за преземање на тренерската функција, може да стане седмиот стручњак кој седел на клупите на двата големи фудбалски клуба од Милано.
Милан официјално уште се нема разделено со Марко Џампаоло, но се чека само да се постигне договор со Спалети, пред да му биде даден отказот на Џампаоло.
Низ богатата историја на трофејните клубови од Милано – Интер и Милан, шестмина тренери биле и во едниот и во другиот клуб. Тоа се Бигоњо (сезона 1946/47 во Милан, 1958/59 во Интер), Радиче (1981/82 во Милан, 1983/84 во Интер), Кастањер (1983/84 во Милан, 1984/85 во Интер), Трапатони (1973/74 во Милан, 1988/89 во Интер), Ѕакерони (1999/2000 во Милан, 2003 во Интер) и Леонардо (2009/2010 во Милан, 2010/2011 во Интер).