Од Министерството за правда потврдуваат дека добиле известување од Врховниот регионален суд дека е донесена конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Груевски бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Унгарија не го екстрадираше Груевски и по барањето за издржување на изречената казната за предметот „Тенк“.
Последната екстрадиција Министерството за правда ја бараше во врска со случувањата и упадот во Собранието на 27 април.