Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, прв излезе на прес-конференција.по завршувањето на вонредните парламентарни избори на Косово.
„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, рече Харадинај. Според сегашните прогнози, неговата Алијанса има само околу 10 проценти од гласовите.
Врз основа на 80,57 проценти од пребројувањето на гласовите, Движењето Самоопределување на Албин Курти води со 26,91 проценти од гласовите. Според Централната изборна комисија, Демократскиот сојуз на Косово (25.03%) е втор по бројот на освоени гласови, а на третата позиција е Демократската партија на Косово со 21,17%. Српска листа освои 10 мандати, односно целосна победа кај српското малцинство.
Резултатите се сосема неочекувани на предвремените парламентарни избори на Косово и останува да се види како и дали ќе се формира идната Влада бидејќи нема јасен победник.
Од вкупно 120 пратеници од кои 20 се гарантирани за малцинствата по 32 пратеници освоиле партијата ЛДК (Демократски сојуз на Косово) на Вјоса Османи и Движењето Самоопределување на Курти.
Партијата на експремиерот Рамуш Харадинај освои 11 пратенички мандати а 24 пратеници освои ПДК на претседателот Хашим Тачи.