Германија бележи рекорден извоз на оружје и оваа година тој би можел да го надмине продаденото количество на оружје од 2015 година, соопшти германската Влада.
– До крајот на септември германската Влада одобри извоз на оружје во вредност од 6,35 милијарди евра, што е 75 отсто повеќе од истиот период минатата година, наведува Владата.
Со тоа оваа година би можел да биде соборен рекордот од 2015 година, кога Германија извезе оружје во вредност од 7,86 милијарди евра.
Министерот за економија Петер Алтмајер таквиот драстичен пораст го објаснува со фактот дека минатата година многу одлуки за извоз на оружје во одделни земји „стоеле на мраз”, поради спорот околу ова прашање внатре во демохристијанско-социјалдемократската Влада.
Тоа посебно се однесува на извозот на оружје во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои поради вмешаност во војната во Јемен, се наоѓаат на листата на држави за кои е спорен извозот на оружје.
На прво место според набавеното количество оружје се наоѓа Унгарија, која во првите девет месеци од годинава купила од Германија оружје во вредност од 1,77 милијарди евра