Европскиот парламент уште во 2017 година го усвои извештајот за продолжување на рокот на траење на апаратите за домаќинство, а усвоени се предлозите за забрана за програмирано расипување на апаратите, забрана за неодвоено вградување на витални делови и за поголема достапност на резервни делови на пазарите, како и воведување на ознаки за минимално траење на апаратоте за домаќинство.
Сепак, на пазарот се уште се наоѓаат апарати програмирани да се расипат. Минатата недела, на сила стапија измените на директивите за екодизајн, кои наложуваат достапност на резервни делови за фрижидери, машина за перење алишта, машина за садови, телевизири и апарати за осветлување во рок од седум до десет години.
Белгискиот кандидат за комесар во Европската комисија, Дидиер Рејндерс, изјави дека ЕУ мора да има јасен став за тој проблем, тој смета дека доброволните мерки не се доволни. Рејндерс истакна дека Европската комисија ќе излезе со предлог закон со кој ќе се забрани вградено расипување на апаратите.
ЕК моментално го испитува тврдењето дека некои апарати се произведени со вграден дефект, за да потрошувачите мораат по истекот на гаранцијата да купат нов модел. Во Франција на пример, таквата пракса на законот е забранета, а хрватската европарламентарка Билјана Борзан бара забрана на ниво на ЕУ.