Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп кој со Ливерпул стигна до европската титула, а сезонава е лидер во англиската Премиерлига, има договорна обврска со тимот од „Енфилд Роуд“ уште две сезони, но веќе знае кој треба да го наследи на клупата. Германскиот стручњак Клоп, кој со Ливерпул има старт од осум победи на осум настапи во Премиерлигата ја посакува титулата во Англија, а по завршувањето на договорот најавува едногодишна пауза од фудбалот.
-Можеби Кени Даглиш би бил прва опција, но мислам дека ќе го донесат Џерард од Глазгов. Ако ме прашаат мене кој треба да ме наследи веднаш ќе им кажам дека тоа треба да биде Џерард – порачал Клоп разговарајќи на темата кој треба да биде неговиот заменик на клупата кај Ливерпул.
Џерард кој е актуелен менменаџер на шкотскиот Глазгов Ренџерс експресно се огласил по препораката од неговиот колега Клоп дека не сака тој да си замине од клупата, зашто како навивач на Ливерпул ужива во игрите на „црвените“ под негово водство.
-Јас сум изненаден, но и почестен во исто време кога го чув тоа. Но, јас не сакам Клоп да замине. Работи одлично. Јас сум навивач на Ливерпул и секој навивач на овој клуб го мисли истото што го велам и јас – сакаме да остане уште многу, многу години!, вели Џерард, поранешниот капитен и ѕвезда на Ливерпул.