Пресврт на Косово: Симпатизерите на Самоопределување слават победа

Според Централната изборна комисија на Косово, по преброени 80,72% од гласовите Самоопределување води со 26,1%, по што следи Демократскиот сојуз на Косово со 25,04 проценти. Следуваат Демократската партија на Косово со 21,18 проценти и коалицијата Коалицијата Алијанса за иднината на Косово и Социјалдемократската партија на Косово на четвртото место со само 11,61 проценти.

По 35 отсто од преброените гласови во водство беше Демократскиот сојуз на Косово.

Симпатизерите на Движењето Самоопределување на Албин Курти, веќе ја слават победата во неколку градови низ Косово, како што се Митровица, Урошевац, Пеќ, Клина, Витиња, Гњилане.

Четвртите избори од прогласувањето на независноста во 2008 година беа свикани откако Харадинај поднесе оставка бидејќи беше повикан во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг за да се испита неговата улога во војната во 1998-99 година. Кој и да победи на изборите ќе мора да работи на подобрувањето на односите со Србија, доколку Приштина сака да обезбеди место во Обединети нации.

Треба да знаете
Последни објави