Романски државјанин е уапсен во Сплит за кражба на повеќе од 40.000 куни (околу 5.400 евра) од стан на еден постар жител на градот, јави „Хина“. Романецот (39) е осомничен дека во петокот дошол во станот на 83-годишник, на кого му понудил да му продаде прибор за јадење, а откако човекот му платил за приборот, тој го искористил неговото невнимание и му ги украл парите.
Романскиот државјанин бил уапсен во саботата и против него е поднесена кривична пријава.