Албанскиот државен врв му честиташе на Косово,политичките партии и граѓаните за успешно спроведените парламентарни избори.
Премерот Еди Рама упати честитки до лидерот на Движењето „Самоопределување”Албин Курти за добриот резултат, но не ги заборава да ги спомне и другите партии,честитајќи му на Демократскиот сојуз за вториот најдобар резултат и на Демократската партија за признавањето на изборните резултати.
-Честитки до Косово за успешните парламентарни избори. Честитки до Албин Курти за најдобриот резултат. Честитки до ЛДК и Вјоса Османи за вториот најдобар резултат. Честитки до ПДК на Кадри Весели за примерното прифаќање на резултатот. Што посреќен новиот ден за Косово,напиша Рама.
Честитки до граѓаните и политичката класа на Косово „одличен пример за раст на демократијата” напиша претседателот Илир Мета на Фејсбук.
Додава дека изборите што се одржаа вчера на Косово се одличен пример за функционирање на демократијата и вербата во демократијата и слободно дадениот глас.
-Честитки до граѓаните на Косово и политичката класа, кои покажаа низ целиот свет дека државата Косово не само што е целосно функционална, туку и пример за раст на демократјата,во регион кој сеуште страда од авторитаризам и невозможност за целосно слободни избори, како оние кои целиот свет ги следеше вчера во Косово,напиша Мета.