Најмалку еден припадник на ирачките безбедносни сили загина во насилните протести кои продолжија во текот на ноќта во Багдад.
Ирачката војска соопшти дека најмалку еден полицаец е убиен, а четворица се ранети кога кон нив пукале непознати напаѓачи во Садр Сити, каде претходната ноќ во судирите загинаа 15 лица.
Групите се собраа на плоштадот во текот на ноќта, а меѓу нив имаше и членови на семејствата на убиените демонстранти, соопшти локалната полиција.
Тие палеа гуми пред зградата на Општинскиот одбор и судницата на плоштадот Мудхафар, а потоа испукаа истрели кон полициските сили.
Повеќе од 110 Ирачани се убиени, а 6.000 повредени во последната недела откако во Багдад и други градови се одржуваат протести против ирачката Влада и корупцијата во земјата.