Вкупно 51 лице се обвинети во Виена поради нелегална продажба на државјанства.
Државјанствата ги купувале 47 лица, и тоа седум државјани на Србија, 29 на Косово, шест Македонци, двајца државјани на БиХ, по еден државјанин на Хрватска, Молдавија и Украина.
Предводник на групата службеници, која ги делела државјанствата, била државјанка на БиХ на која и се заканува затворска казна од 10 години. Некои од службениците се согласиле на тие махинации со цел да ги исплатат своите коцкарски долгови.
Лицата кои ги купувале државјанствата плаќале и до 9.000 евра, а станува збор за хигиеничари, келнери, ѕидари или невработени.