Марко Џампаоло е разрешен од функцијата тренер на фудбалскиот клуб Милан. „Росонерите” вечерва официјално ја објавија разделбата со човекот кој неуспешно го водеше тимот сезонава.
Смената на Џампаоло се најавуваше неколку дена и не е изненадување, туку само се чекаше кога ќе биде дефинитивна. Од Милан му се заблагодарија за досегашната работа и му посакаа среќа и успех во иднина.
Нов тренер на Милан се очекува да биде Стефано Пиоли, а официјализацијата на договорот треба да биде во текот на утрешниот ден.