Зоран Заев и екипата околу него си играат држава. Над 1.2 милиони евра изнесува штетата којашто државата ја претрпе во изминативе 4 дена поради нефункционирањето на РЕК Битола.
Само исклучувањето и вклучувањето на Блокот 1 ја чини државата над 200 илјади евра. Секој ден неработа ја чини државата 240 илјади евра или вкупно досега штетите што државата ги претрпела изнесуваат над 1.2 милиони евра. Неспособноста и некадарноста на партиските војници на СДСМ, вработени во државните претпријатија или желбата да му се овозможи личен профит на некој бизнисмен близок до власта, снабдувач со струја ја чини држвата од почетокот на годината до денес, за само 9 месеци над 20 милиони евра. 20 милиони евра изнесува штетата која е причинета поради над 15 пати исклучување и вклучување на Блокот 1 на РЕК Битола. Пари коишто наместо на санирање на штетите од неспособноста и некадарноста на власта можеле да завршат во нови проекти и нови мерки. СДСМ се неспосбни да управуваат со државните претпријатија. СДСМ се неспособни да менаџираат со парите на граѓаните.СДСМ мора да си заминат.