Екипажот на шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс” денеска соопшти дека спасил 44 мигранти од дрвен чамец со кој по Средоземно Море патуваа од Африка кон Европа.
Мигрантите биле лоцирани синоќа во територијалните води на Малта, 80 километри од италијанскиот остров Лампедуза. Помеѓу 44 спасени мигранти 38 се мажи, четири жени, четиригодишно момче и едно бебе. Сите мигранти се во добра здравствена состојба.