Утрово избувнал голем пожар во објектот за производство на батерии за велосипеди во предградието на Лион – Вијурбен, при што нема извештаи за повредени.
Пожарот зафатил зграда од 10.000 квадратни метри, а во гасењето учествувале повеќе од 100 пожарникари со 30 возила.
Според „Паризиен“, локалните власти соопштиле дека не постои опасност од загадување на животната средина.
„Областа не е загрозена затоа што батериите за велосипеди не претставуваат ризик од загадување“, рече градоначалникот на Вијурбен, Жан-Пол Брет.
Сепак, „Паризиен“ вели дека е во тек анализа на воздухот, иако не се преземени никакви превентивни мерки.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат голем оган и облаци од чад.