За шест дена штетите во економијата на Хонг Конг се над 350 милиони долари

Економијата на Хонг Конг загуби најмалку 2,8 милијарди хонгконшки долари (357 милиони американски долари) во немирите во изминатите шест дена. Тоа го објави денеска Саут морнинг пост, повикувајќи се на локални експерти.

Аналитичарите велат дека штетата во трговијата на мало, транспорт, ресторани и хотели во текот на викендот и понеделникот достигна 1,9 милијарди хонгконшки  долари (242 милиони долари).

Загубите на операторот на метрото – компанијата Ем Тир (МТР) во текот на викендот може да достигнат 500 милиони хонгконшки (63,7 милиони американски долари). Во саботата, за прв пат во историјата,  метрото престана да работи целосно по актите на вандализам од страна на демонстрантите, а во неделата системот беше делумно оперативен.

Поради хаосот и транспортниот колапс, многу трговски центри, продавници и ресторани останаа затворени. Резервациите во хотелите се намалија од 95 до 50 проценти, и покрај големите попусти за ноќевања.

Треба да знаете
Последни објави