Општина Кисела Вода спроведува голема акција за расчистување на Црниот канал и коритото на реката Мала Рада. Во Црниот канал, во должина од 3 километри рачно и машински се чисти нараснатата вегетација и отпадот одложен од несовесни граѓани. Во исто време се одвиваат и активности за чистење на каналот на реката Мала Рада.
Општина Кисела Вода акции за чистење на каналите на својата територија спорведува неколку пати годишно.
Локалната самоуправа апелира до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, да не одложуваат отпад во каналите, како би придонеле за чиста Кисела Вода.