Позицијата почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината, најави претседателот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24. Тоа ќе се направи со донесувањето на новиот партиски Статут, но сепак вели дека тоа не е оградување од Груевски.
-Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии, вели Мицкоски.
Тој истакна дека имотот на партијата е незаконски замрзнат, а бил стекнат со работа на граѓаните и со донации.
-Дали ќе ја продаваме или не, тоа е ирелевантно. Можеби и ќе ја продадеме и средствата кои ќе ги земеме ќе ги дадеме во добротворни цели. Постојат многу опции, може и да го изнајмиме. Ние имаме не поголем имот од тој што го има уште една партија. Тој имот не е наследен од еден претходен систем, туку е резултат на работа на граѓаните, на донации, на симпатизерите и тоа е поголема разлика, рече Мицкоски.