Дали е ова можеби идеја на советникот исцелител на Христијан Мицкоски? Ќе успее ли Мицкоски да излезе од трансот на лажни вести и конструкции во којшто е западнат тој и неговата партија?
Полиграф може и треба да набави ВМРО-ДПМНЕ за сопствени потреби. Таквиот апарат одлично би се вклопил во луксузниот дворец изграден во време на најголема сиромаштија. На него ќе се покажат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, особено онаа дека партијата се реформира додека советничкиот тим на Мицкоски го сочинуваат поединци од груевизмот, промотери на говор на омраза и поделби, заштитници на насилство и криминал.