Воведување „даночен каландар” кој за бизнисот ќе обезбеди попредвилива деловна клима, како и намалување на сивата економија, отстранување на недоследностите од законите за извршување и за холдинг друштва, побараа бизнисмени од Стопанската комора на Македонија денеска на средба со министерката за финансии Нина Ангеловска.
-Имаме пет барања коишто се однесуваат на клучни прашања што биле третирани во изминатиот период, за Законот за холдинг друштва, за член 218 од Законот за извршување, за признанените расходи, имаме иницијатива којашто се однесува на плаќање на ДДВ и негово враќање при влез на суровините. Ќе разговараме за овие прашања коишто биле континуирано третирани во изминатиот период како и што може да се направи затоа што тоа ќе донесе бенефит за целата економија, ќе дојдат нови инвеститор,и а и домашните ќе се охрабрат да инвестираат, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
За бизност голем проблем е член 218 од Законот за извршување, којшто, истакна Азески, фаворизира државата односно локалните самоуправио да го утврдат минимумот над кој не можат да бидат извршени побарувања на фирмите. Неприфатливо е и одложувањето за три години на Законот за холдинг, а со министерката го отвораат и прашањето за воведување фискален совет што треба да одржи баланс во јавните финансии.
Според Ангеловска, има добра волја за прифаќање на даночниот календар, иницијатива којашто ќе значи предвидлива околина и стабилност за бизнисот и со што ќе може однапред да ги планира своите активности без да се прават нагли промени коишто ќе влијаат на пример во нивното планирање за следната година. – Тоа значи барем шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис секторот да се подготви за промените за да може да ги испланира за следниот период, рече Ангеловска.
Таа најави дека Министерството за финансии следната недела ќе воведе он лајн можност за поднесување предлог иницијативи од стопанските комори и целиот приватниот сектор во насока на намалување на административните процедури и забрзување на процесите.
– Иницијатива само како желба не е доволна за да можеме детално да ја разгледаме и да делуваме. Зборуваме за пропишан формулар за тоа кој ја поднел иницијативата, на кои сектори ќе делува, која е компаративната анализа о како се адресира во други земји, што ќе значи за бизнисот и од фискален аспект. Сите работи ќе бидат преточени во он лајн форма затоа што сметам дека имаме огромен неискористен потенцијал во технологиите за да ги намалиме административните процедури и да функционираме побрзо, изјави Ангеловска.
Во приотетите на Министерството за финансии, како што потенцираше, ќе биде и намалување на сивата економија со конкретни мерки и предлози. Мал дел од нив, укажа, беше апликацијата „Мој ДДВ” и веќе се работи на негово унапредување заедно со Управата за јавни приходи.
– Кога зборуваме за сива економија треба да знаеме дека и граѓаните и бизнисот треба да почувствуваат дека функционираат во праведен систем каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Не може да очекуваме кога ќе се зголемат даноци или ќе се воведе што било граѓаните да го дочекаат тоа со раширени раце ако гледаат дека некој друг не ги плаќа давачките. Фокусот тука ќе биде да се внесат во системот оние коишто се во сивата економија, често се разговара дека е од 20 до 40 проценти, изјави Ангеловска, посочувајќи дека сивата економија не е само на на пазарот на труд туку и во електронска трговија, нерегистрираната дејност…