Трамп ја најави на Твитер посетата на Ердоган, еден ден откако се закани дека ќе ја „уништи турската економија” доколку Анкара спроведе воени операции во Сирија и доколку направи нешто за што тој мисли дека е недозволиво.
Трамп вчера се закани дека „целосно ќе ја уништи и збрише турската економија” доколку Анкара „отиде предалеку” и преземе воена операција против Курдите во Сирија.
„Како што претходно потенцирав претходно, и ќе повторам, дека доколку Турција направи нешто кое јас, во мојата голема и неспоредлива мудрост оценам дека е недозволиво, целосно ќе ја уништам и збришам економијата на Турција (Сум го правел тоа и претходно)”, напиша вчера Трамп на Твитер.
Во денешните твитови, пак, Трамп ја бранеше Турција, посочувајќи дека таа земја е голем трговски партнер на САД и оти го ослободи американскиот свештеник Ендрју Брансон, осуден за помагање терористи.
Трамп, исто така, посочи дека Турција е членка на НАТО „која ги исполнува своите обврски”.