Тренерот на Интер, Антонио Конте порача дека новоангажираниот напаѓач Ромелу Лукаку треба да тренира повеќе. Белгискиот интеранционал пристигна во Милано во летниот преоден рок.
-Ромелу е добар играч, но треба да тренира повеќе. Тој е фудбалер со моќно тело и на кое му е потребно многу тренинзи и натпревари за да биде во добра форма, изјави Конте.
Дваесет и шестгодишниот Белгиец оваа сезона има постигнато три гола. Претходните три години играше за Манчестер јунајтед, а во својата кариера има настапувано и за Евертон, Челзи, ВБА и Андерлехт.