Германската канцеларка Ангела Меркел му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека е „малку веројатно” да се постигне договор за брегзит, освен ако Велика Британија не ја остави Северна Ирска во царинска унија.
Како што јавија западните медиуми повикувајќи се на извори во Берлин, Меркел истакна дека „Германија би можела да ја напушти ЕУ без никакви проблеми ако сака, но дека Велика Британија не би можела да го стори тоа доколку Северна Ирска не остане во царинската унија”.
Меркел, исто така посочила дека ЕУ има право на вето за излегување на Велика Британија од царинската унија.
Според западни медиуми, разговорот „поставил нов став што значи дека е невозможно да се постигне договор за брегзит сега или во иднина”.