Норвешката влада донесе одлука да не се приклучи во противракетниот штит на НАТО. Дебатата за можното учество на Норвешка долго ги поттикнуваше стравувањата од тензии меѓу Норвешка и Русија, пренесува „Спутник“.
„Преку поширока проценка на безбедносната политика, владата одлучи Норвешка да не купува сензори од горен ред или да пресретнува ракети што можат да станат дел од балистичката ракетна одбрана на НАТО“, се вели во државниот буџет.
„Мислам дека ова спречува понатамошни тензии“, вели експерт от од Норвешкиот институт за надворешни работи (НУПИ) Џули Вилхелмсен, за норвешката ТВ2.
Таен документ за норвешката одбрана од 2017 година ја наведува наводната закана од Русија како причина зошто Норвешка треба да се приклучи во ракетниот штит. Во документот се наведени и значителни празнини и недостатоци во воздушната одбрана на Норвешка, кои, наводно, ја отежнуваат самостојната одбрана на Норвешка.
Во исто време, новиот буџет на Норвешка ги зголеми трошоците за одбрана на 1,8 отсто од БДП, што дополнително го намали растојанието до целта на трошењето на НАТО од 2 отсто.
Проценката на НАТО за 2019 година објавена во јуни ги смести трошоците за одбрана на Норвешка на 13-то место во рамките на алијансата, што е пад од 10-то место во 2017 година.
Во изминатата деценија плановите на НАТО за ракетен штит на САД во Европа беа едно од најразделувачките прашања меѓу Русија и НАТО. Иако официјалните претставници на НАТО уверуваат дека одбранбената мрежа не е насочена кон Русија туку кон балистички ракети испукани надвор од Европа, Москва не се согласува, тврдејќи дека штитот ќе го собори балансот меѓу нуклеарните сили, предизвикувајќи нова трка во вооружување.
Норвешка првично се спротивстави на идејата НАТО да стане дел од американските планови за противракетна одбрана, но се предомисли и ја поддржува идејата уште од 2010 година. Врв на иронијата е самиот Столтенберг кој порано беше против мрежата за противракетна одбрана додека беше лидер на Лабуристичката партија.