Стаменковска: Манчевски ги крие партиските вработувања

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски се на прав пат да ја опустошат Македонија и да ги разораат институциите. Гарант за тоа е нивната неспособност, корумпираност и неработење, обвинува Невенка Стаменковска Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, во извештајот на Државната ревизија стои дека Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра софтверот за управување со човечки ресурси, кој воопшто не го користи, а набавен уште во 2014 година, во кој треба да се внесат сите вработени во јавниот сектор во Република Македонија.

-Иако лани за него се потрошени 343 илјади евра, а годинава се планира да се потрошат уште 813 илјади евра, Заев и Манчевски одлучуваат дека не им треба и воопшто не го користат. Во предизборието во 2016 година ветија дека ќе даваат месечни извештаи за бројот на  вработени административци, но последната официјална информација којашто е објавена на страната на МИОА е од декември 2017 година. Поради неажурноста и неработата на власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според информациите на МИОА во јавниот сектор лани склучиле работен однос дури 132.068 лица. Како по правило, на Заев и на неговите послушници секогаш некој друг им е виновен. Овој пат сакаат да ги наместат обичните административци. Во ревизорскиот извештај стои дека  причината за невнесувањето на податоците е поради неажурноста од страна на вработените во институциите.

Затоа јавно го прашуваме министерот Манчевски дали невнесувањето на податоци во системот е со цел да  се сокрие вистинската бројка на административци која во изминатиов период значително се зголеми!? Дали СДСМ ги крие партиските вработувања, кои пред избори засилено се спроведуваат и со кои се полни јавната администрација со партиски војници!?Дали за овој пропуст и неажурност од страна на институциите со кои раководат кадрите на СДСМ, Манчевски ќе понесе одговорност? Повеќе од јасно е дека владата на  СДСМ и Манчевски се неспособни да управуваат еден софтвер, а не пак министерство или држава. Република Македонија со  СДСМ, Заев и Манчевски е на погрешен пат и затоа e време  да си заминат. Доаѓа време на работа и грижа како за граѓаните, така и за институциите и  државата.Доаѓа обнова на Македонија, вели Стаменковска Стојкоски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави