Во водите на Атлантскиот океан било забележано нешто налик на сигнална ракета, објавија синоќа во официјално соопштение од префектурата на карипскиот остров Мартиник, пренесува „Ла Паризиен“.
Сигналот бил забележан ноќта од недела кон понеделник во близина на областа која се пребарува, односно до каде се верува дека можеби допливале морнарите од потонатиот брод „Бурбон род“.
Сè уште се трага по седум морнари од бродот кој потона на 26. септември. Меѓу исчезнатите е и Дино Мишкиќ, капетан од Хрватска.
„Во понеделникот вечерта бродот ‘Алп страјкер’, најмен од групацијата ‘Бурбон’ се упатил кон областа каде двајца набљудувачи тврдат дека забележале бели и црвени сигнали во траење од 20 секунди, а за кои се верува дека се можни повици за помош“ наведуваат од префектурата.
„Областа каде е забележан сигналот кореспондира со претпоставките за можната локација на потонатиот’Бурбон род’“, се вели во изјавата на префектурата, но и се наведува дека ппотрагата на ангажираниот „Алп страјкер“, засега не дала резултати.
Регионалниот центар за спасување веднаш побарал од три трговски бродови да скршнат од курсот и да одат до областа каде што би требало да стигнат. Центарот исто така побарал од секој брод во областа будно да го надледува теренот.
„Во вторник наутро, авион на американската крајбрежна стража Херкулес Ц-130 ќе ја надлетува областа“, соопшти префектурата.
Во петокот, префектурата објави дека го намалила обемот на потрагата што започна откако бродот потона на 26. септември. Од 14 члена на екипажот, тројца се спасени, телата на четворица се извлечени од водата, а седуммина се водат како исчезнати.
Покрај хрватскиот капитен Дино Мишкиќ, на бродот имало членови на екипажот на Украина и по еден Русин, Јужноафриканец и Филипинец.