Познатиот магазин Condé Nast Traveler ја прогласи Виена за најдобра европска дестинација во 2019 година. На списокот на десет омилени градови во светот за патувања, австриската престолнина се наоѓа на четвртото место зад Токио, Кјото и Сингапур. Зад Виена се Осака, Копенхаген, Амстердам, Барселона, Тајпеј и Сиднеј.
Без огледна тоа дали станува збор за историја, филозофија или музика, Виена привлекува посетители од целиот свет со својата разновидна културна понуда.
Во Виена, можете да посетите четири музеи на ден, но секогаш ќе остане уште нешто што треба да видите. Во најголемиот студ можете да гледате во живо представи на зградата на Државната опера.
Угледниот магазин Condé Nast Traveler доделува Награда на читателите повеќе од 30 години, а оваа година, од 1 април до 30 јуни, вкупно 600.000 американски и британски читатели гласаа за нивните омилени дестинации, хотели и атракции.