-Како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваме дека вистински се залагаме за подобар живот на сите граѓани. Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме. Потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен. За оваа намена обезбедени се 228 милиони денари или 3.7 милиони евра – вели Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
Со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца. Се повеќе деца вклучуваме во предучилишната грижа и воспитување. Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.
Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование. Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.
Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата, е правиот пат. Продолжуваме и понатаму вистински да се грижиме за сите граѓани!
линк до видео: https://youtu.be/dDKLfmxiifA