Најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за укинување на титулата почесен претседател, чиј носител е Никола Груевски, претставува манипулативен обид на довчерашните соработници, изјави професорот д-р Јове Кекеновски од „ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција“ за Фокус.
-Доколку беа и доколку сакаат да бидат искрени, тие јавно многу порано ке се оградеа од него и неговите постапки и немаа да се трудат на сите можни начини да ги стопираат или попречуваат сите исраги и постапки кои се водат против него и неговите соработници кои и сега се во врвот на партијата, изјави тој.