На 09.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ го привеле Н.Ф.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Истиот ден околу 16.10 часот во с.Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Б.(24) и З.Б.(25 ) од гостиварски Балиндол, С.Ф.(31) од Беловиште и Л.М.(26) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана. С.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 08.10.2019 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 08.10.2019 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.