Масимилијано Алегри веќе некое време се споменува како еден од кандидатите за клупата на Манчестер Јунајтед на која би требало да го наследи Оле Гунар Солскјаер. Црвените ѓаволи не изгледаат добро оваа сезона, па затоа сè повеќе се бара замена за Норвежанецот.
Сепак, според англиските медиуми, италијански експерт поставил ултиматум. Тој сака работа веднаш, поточно во следните неколку недели или ништо нема да биде од целата приказна.
Останува да се види дали Италијанецот на крајот ќе седне на блескавата клупа со оглед дека Солскјаер е врзан за клубот за тригодишен договор и неговото заминување би значело и голема обештета што клубот би морал да ги плати.
Дејли мејл вечерва пишува и за можноста за доведување на германскиот стручњак Јулијан Нагелсман.