Легендата и директорот на Милан, Звонимир Бобан го искажа своето гледиште за назначувањето на Стефано Пиоли за тимски ментор. Според 51-годишниот Хрват, „росонерите” сега можат да се потпрат на „одличен тренер”.
Бобан и другиот директор во клубот, Паоло Малдини, станаа жртва на сериозна критика од навивачите кои во голема мерка се против Пиоли.
– Не е пријатно да се биде тука за да се најавува промена на тренерот, бидејќи тоа е загуба за сите нас, како и на лично ниво. Како и да е, мора да одиме напред со избор кој сметаме дека е правилниот за Милан. Исто како што направивме во текот на летото. Сакам да му посакам успех на Стефано Пиоли, одличен тренер кој пристигнува во тежок момент. Не треба да отстапиме од курсот, барем не додека не сфатиме дека веќе не работиме во корист на клубот, изјави Бобан на денешниот прес.
Сепак, фудбалскиот директор е убеден дека Пиоли бил вистинскиот избор, отфрлајќи ги гласините дека тој всушност претставувал резервен план.
– Денес нема да зборувам за Лусијано Спалети, кој исто така е многу добар тренер. Наш избор беше Стефано Пиоли. Нормално беше многу слободни ментори да се најдат на нашата листа, но се фокусиравме на Пиоли, кој го познава нашиот клуб и италијанскиот фудбал. Ние не сме најдобриот клуб во светот, но не сме и таков, како што се покажавме досега, додаде Бобан.