Фудбалерот Ељиф Елмас на денешниот тренинг на македонската репрезентација во пресрет на дуелот со Словенија, потврди дека е мајстор за постигнување погодоци од невозможни позиции.
Тој со неверојатно ефе од зад гол ја смести топката во мрежата.
Елмас и пред неколку недели изведе мајсторија на тренинг на неговиот клуб Наполи.
Репрезентацијата се подготвува за утрешниот клучен натпревар од квалификациите за ЕП, против Словенија, кој се игра на арената „Тодор Проески“ од 20:45 часот.