Општина Бутел денес е домаќин на детската меѓуопштинска олимпијада за дечињата од предучилишните установи во скопските општини. Олимпијадата се одржува во спортскиот балон на ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, ( веднаш до градинката ,,11 Октомври,,).Со оваа манифестација се одбележува детската недела и патрониот празник на градинката.
Под мотото ,,НЕКА ПОБЕДИ НАЈВЕСЕЛИОТ,, се натпреваруваат 300 дечиња од скопските општини: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Детската олимпијада ја отвори градоначалникот Велимир Смелевски.
фото: Слободан Ѓуриќ