Соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на говорот на Мила Царовска и Дамјан Манчевски во Кочани.
„Минималната плата која СДСМ ја ветува е фарса. Власта нема реална контрола и голем број на работници се принудени парите да ги враќаат на рака.
Наместо реално покачување имаме покачување само на хартија.
Работниците се понижени и оставени на маргините на општеството, затоа се повеќе луѓе се иселуваат.
Само во еден ден, град како Делчево со 18-тина илјади жители го напуштиле 1.000 луѓе. Тоа е одраз на апатијата во која е западната државата, безперспективноста и криминалот.
Нивото на странски инвестиции е помало од било кога до сега.
Реализацијата на капитални инвестиции е очајно ниска и изнесува 28% за цели 8 месеци. Тоа не говори ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говори ДЗС.
Со СДСМ само тонеме. Живее само елитата во власта.
СДСМ мора да си замине.“