Во Мексико се уапсени 11 лица откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес беше врзан за камион и влечен по улиците.
Уапсените го извлекле градоначалникот од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле низ улиците затоа што, наводно, не го исполнил предизборното ветување дека ќе ги поправи локалните патишта.
Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот беше нападнат од земјоделци.
Ескандон Ернандес многу брзо беше ослободен од локалната полиција без да претрпи сериозни повреди. Тој најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.