Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туски денес и утре ќе биде во Атина, за во попладневните часови да се обрати на отворањето на конференцијата „Athens Democracy Forum”, а посетата на Грција ќе ја искористи и за средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Туск ќе се сретнат во 15 часот по локално време, а три часа подоцна претседателот на Европскиот совет ќе се обрати на конференцијата. Веднаш потоа ќе се сретне и со новиот градоначалник на Атина, Костас Бакојанис.
Во текот на утрешниот ден, Доналд Туск повторно ќе присуствува на „Athens Democracy Forum” и ќе ги следи обраќањата на конференцијата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а во вечерните часови ќе присуствува на доделувањето на наградата за демократија на општина Атина.
Оваа година, наградата е за убиениот градоначалник на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ, а на специјален настан, во присуство на Доналд Туск, атинскиот градоначалник Костас Бакојанис наградата ќе ѝ ја врачи на сопругата на Адамовиќ, Магдалена Адамовиќ.