Италијанскиот парламент денеска ја усвои одлуката за намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, на што инсистира Движењето Пет ѕвезди.
За реформата, со која бројот на пратеници се намалува од 945 на 600, гласале 553 пратеници, а против биле 14. Со оваа реформа трошокот на Парламентот се намалува за 5,5 отсто или окоу 82,5 милиони евра годишно.
Реформата ја вети Движењето Пет ѕвезди, кое на почетокот на септември формира владејачка коалиција со Демократската партија кога десничарот Матео Салвини ја повлече својата антимигрантска партија Лига од владата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори со надеж дека ќе стане премиер. Токму намалувањето на бројот на пратеници е во насока да обезбедат позиција на власт бидејќи партијата има многу помала подршка од таа што ја доби на изборите. Од друга страна, бидејќи реформата не е изгласана со 2/3 мнозинство, Лига веќе поднесе барање за потврден референдум.
Италијанскиот парламент, кој досега имаше 630 пратеници во долниот дом и 315 сенатори, беше втор по бројот на членови во Европа, зад британскиот, кој има 1.425 пратеници.