Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер ја коментираше ситуацијата на неговиот тим.
На последните неколку натпревари тој има статус на резерва, што предизвика шпекулации во локалниот печат дека сака да го напушти клубот во зима.
– Апсолутно не сум задоволен од ситуацијата. Имам само 30 години, фит и сум гладен за успеси со клубот, но и за индивидуални такви. Јас сум целосно убеден дека можам да му помогнам на тимот на теренот. Тренерот треба да носи тешки одлуки пред секој натпревар. Сепак, трендот во последните пет натпревари не ме прави среќен. Ако тренерскиот персонал ме гледа само како резерва во иднина, тогаш морам да размислам за тоа. Јас сум само премногу амбициозен за тоа, рече Милер за Кикер.