Пентагон соопшти дека сè уште се обидува да ја одврати Турција од инвазија во североисточна Сирија. САД не ја одобруваат воената операција на Турција во Сирија и нема да ја поддржат, се вели во соопштението на портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.
Хофман истакна дека американскиот министер за одбрана Марк Еспер и генералот Марк Мили, началник на Здружениот штаб на американската армија, им порачале на на турските колеги дека еднострана воена акција во курдската област на Сирија „создава ризик” за Турција.
Пентагон, со сојузниците и коалициските партнери, повторно ќе и пренесе на Анкара дека нејзината евентуална воена операција во Сирија може да има „дестабилизирачки последици” врз Турција и регионот, рече Хофман. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го предупреди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека ќе биде во „голема неволја” доколку биде повреден американски војник во делови од Сирија каде што Турција планира да нападне.
– Ако некој од нашите луѓе е повреден, ќе биде голема неволја, му рекол Трамп на Ердоган, со кого разговарал по телефон во неделата.